Турција – во 2011 инвестиции од 7 милијарди лири во енергетскиот секторПретседателот на Регулаторната Агенција за Енергетскиот Сектор (РАЕС) Хасан Коктас изјави дека оваа година вкупно 6.8 милијарди лири ќе бидат инвестирани во секторите за електрична енергија и природен гас. За време на прес конференцијата на агенцијата во Анкара Коктас рече дека 5.8 милијарди лири од вкупната сума ќе бидат финансирани од приватни извори, додека другите средства околу 1 милијарди лири од владини фондови.
Новиот Премиер на Црна Гора поставува цел за долгорочна конкурентност на економијатаПремиерот на Црна Гора Игор Лукшиќ изјави во интервју за Политика дека „целта која си ја поставив себеси и на оваа влада е долгорочна конкурентност на нашата економија.„ Новата Црногорска влада има јасен концепт, но ќе ги почитува и приоритетите на претходните влади, бидејќи целта на Црна Гора е да стане членка на ЕУ и НАТО.
ИНА пронајде ново нафтено поле близу ЗагребХрватската нафтена групација ИНА, чиј најголем акционер е Унгарскиот МОЛ, откри во петок ново нафтено поле на околу 40 километри јужно од главниот град Загреб."Полето се наоѓа во близина на веќе постоечки производствени полиња и инфраструктура, што ќе допринесе за олеснување на производството во новото поле.
Светска Банка разгледува 15 проекти во АлбанијаАлбанскиот Премиер Сали Бериша во понеделник го прими директорот на Светска Банка Нгоси Оконјо-Ивеала, кој ќе биде во дводневна посета на земјата. Премиерот изрази почит кон посетата и изјави дека тое е "златна прилика, за изразување на длабока благодарност кон Светска Банка која во последните 20 години на плодна соработка помогна стотици проекти.





